Гардијан: Британските дипломати ќе се повлечат од работата на ЕУ 

Лондонскиот весник „Гардијан“ објави дека за неколку дена британските дипломати ќе се повлечат од институционалните структури на ЕУ, како што е планирано од владата на Борис Џонсон.

„Во обид да се засили пораката дека Велика Британија ќе ја напушти ЕУ до 31 октомври, британските дипломати ќе престанат да присуствуваат на дневните состаноци во Брисел“, пишува весникот и додава дека тој потег, според официјалните лица во Лондон, е во согласност со првото обраќање на Борис Џонсон во Долниот дом кога тој рече дека ќе ја ослободи британската дипломатија од европски работи.

Критичарите на брегзит веруваат дека симболичкото повлекување ќе ја остави Велика Британија без увид во одлуките на ЕУ, што може да наштети на нејзиниот национален интерес.

Advertisement