Германците излегоа на масовни протести против мерките , десетици приведени (ВИДЕО)

Најголемиот протест се одржа во Штутгарт, каде што според организаторите, се собрале околу 5.000 граѓани. Организаторот на митингот, претприемач за ИТ, Мајкл Балвег, рече дека граѓаните дошле да протестираат за да се спротивстават на ограничувањата на основните граѓански права како што е правото на протест и слободата на вероисповест. Протестите продолжија мирно, според правилата за одржување дистанца , според полицијата. Протестот организиран од здружението Кверденкер (размислувај поинаку) првично бил забранет од градот Штутгарт, но Уставниот суд ја укинал забраната за вонредна состојба.

Балвег го опишува неговото движење како „непартиско“, додека критичарите забележаа дека радикалните десничарски активисти и поддржувачите на теориите на заговор играат голема улога во протестите против владините мерки. Во Берлин, неколку стотици луѓе се собраа во центарот на градот, слично како минатиот викенд, иако се дозволени само собири со помалку 20 учесници. Еден од протестите во Берлин го организираше партијата Бергартеи под слоганот „Доста дискриминација од луѓето-гуштери“.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=135&v=9RfvtwfMjys&feature=emb_title