Германија побара укинување на правото на вето во ЕУ

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас денеска побара ЕУ да го укине правото на земјите-членки да ставаат вето на надворешно-политички одлуки. Мас смета дека е недозволиво ЕУ да биде држена како „заложник“

„Не може повеќе да бидеме држени како заложници од оние кои ја парализираат европската надворешна политика со вета. Затоа велам дека ветото мора да замине, дури и ако тоа значи дека можеме да бидеме надгласани“, вели Мас, пренесува „Дојче Веле“.

Германија ретко дава вакви изјави, особено таа земја не практикува отворени критики кон другите земји членки во ЕУ. Мас не спомена име на ниту една земја, но веројатно ја даде изјавата испровициран од Унгарија која блокираше повеќе заеднички изјави на ЕУ за прашања од наворешна и безбедносна политика.

Advertisement