Голем протест пред Собранието на Република Македонија на движењето „Бојкотирам за уставни промени“ (ВИДЕО)

 

Пред Собранието на Република Македонија вечерва се одржува протест во организација на движењето „Бојкотирам за уставни промени“. Протестот започна со пеење на македонската химна, претходно снимена и испеана од оперскиот пејач Игор Дурловски.

Барањата на движењето #Бојкотирам се трајна заштита на името на Македонија, итно и безусловно запирање на процесот на уставни промени,  почитување на домашното и меѓународното јавно право, распуштање на, како што велат, делегитимизираното Собрание, и распишување вонредни парламентарни избори и поништување на Преспанскиот договор. 

Движење #Бојкотирам го најави протестот преку социјалните мрежи како натпартиски, сенароден и ненасилен. Ги повикаа сите учесници да се воздржат од провокации, навреди, вандализам. За граѓаните беше организиран превоз од повеќе градови од државата.