Големо невреме го зафати Скопје (ВИДЕО)

Силно невреме, проследено со силен дожд и град, како и ветер го зафати Скопје. Од УХМР информираат дека ветерот достигнува повремено брзина и над 80 киломери на час.  Претходните денови големо невреме погоди делови од Словенија и Хрватска. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека утре во Македонија ќе се задржи променливо облачно и малку посвежо време но оти условите за нестабилност ќе бидат помали, така што ќе има повремен пороен дожд и ретки грмежи. Потоа, во првите два дена од следната недела, времето ќе биде претежно стабилно и топло.

Advertisement