
Поради лошите временски услови, со обилни врнежи од снег, ветер и температури до 10 степени под нулата, Македонците во областа Голо Брдо деновиве се соочуваат со веќе познатите проблеми, завеани патишта и прекин во снабдувањето со електрична енергија.
Поради искинат проводници од тежината на снегот и силниот ветер, веќе три дена има прекин во снабдувањето со електрична енергија. Најавено е да стигнат екипи на Електродистрибуција ама недостапните патишта тоа го отежнуваат, изјави Едмонд Османи администратор на административната единица Требиште.
Во однос на патиштата, кои главно се макадамски, вели дека во тек е нивно расчистување и оти во моментот го расчистуваат патот кон село Мало Острени, по што ќе продолжат и до другите села.
Најпрво го исчистивме асфалтниот пат од Требиште до граничниот премин Џепиште, бидејќи поради близината на Дебар за сите неопходни потреби стигнуваме најбрзо таму. Веќе сме навикнати и порано а и сега во време кога областа е завеана во снег, кога имаме итни случаи на болни ги транспортираме во Дебар, посочува Османи.
Албанските медиуми пренесуваат дека патот од Булќиза кон Голо Брдо сеуште е непрооден. Во однос на автопатот Руга е Арбрит (Патот на Арбр), од граничниот премин Блато кон Тирана е прооден за сообраќај, но поради остатоци од кашест снег а на повеќе места и мраз се препорачува многу вниматлно возење.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden