Градоначалникот на Булѓиза, Лефтер Ала остварил средба со Македонците во селото Клење, Голо Брдо

Градоначалникот на Булѓиза, Лефтер Ала остварил средба со Македонците во селото Клење, областа Голо Брдо. Со нив разговарал за проблемите што ги имат во секојдневниот живот, а особено се разговарало за маките на земјделците. Во текот на заедничката средба биле нотирани некои од најитните потреби на жителите што ги има областа Голо Брдо. Со оглед што некои од побарувањата на жителите се совпаѓале со плановите на Општината, истите биле истакнати како приоритетни. Како најприоритетен бил истакнат системот за водоснабдување, потоа подобрување на патната инфраструктура со што би се зголемиле можностите за развој и унапредување на туризмот во ова село и целата област Голо Брдо.

Според планот кој беше истакнат, неколку месеци го делат селото Клење од најавеното отворање на поголем национален и регионален пазар. Дополнително, со отворањето на патиштата кон Арбри и оној од мостот Черенец до Либражд, ќе се тргува многу полесно со земјоделските производи од село Клење како компир, ‘рж, пченка, смрека, дива детелина, боровинка, цвет Басами итн. После средбата и конструктивниот разговор, жителите на селото Клење изразија благодарност до градоначалникот за присуството и неговиот интерес за нивните проблеми, но и изразениот став дека барањата на жителите на областа Голо Брдо се реално остварливи