Градоначалникот на Охрид имаше средба со имаше средба со министрите за земјоделство на Македонија и на Албанија

 

Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, имаше средба со министрите за земјоделство на Македонија и на Албанија. На средбата доминираа прашања поврзани со можностите за интензивирање на соработката за заштитата на Охридското Езеро, одржливо управување со природните ресурси и креирање на заедничка туристичка понуда. Големите проекти, како што се заштитата и управувањето со Дримскиот басен и прогласувањето на охридско-преспанскиот регион за биосферен резерват се добра основа за креирање на акциски прекугранични планови и реализирање на заеднички одржливи проекти. Градоначалникот Стојаноски од министерствата и владите на Република Македонија и Република Албанија побара поддршка на проектите за заедничка, интегрирана заштита на Охридското Езеро, како светско природно богатство заштитено од УНЕСКО. Тоа, според него, ќе овозможи со трансгранични проекти да се користат средства од меѓународните фондови за одржлив развој на регионот.

 

Advertisement