Градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски оствари средба со градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски

 

Делегација на Општина Пустец, Мала Преспа, Албанија предводена од градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, на 24.09.2019 година оствари средба со градоначалникот на Општина Петровец, Македонија Борче Митевски. На средбада беа разменети мислења и искуства околу аплицирањето во Европските фондови, можности за прекугранична заедничка соработка, инвестирања и слично. Оваа заедничка средба претставува темел за понатамошната меѓусебна соработка во иднина меѓу Општина Пустец и Општина Петровец.