Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај позитивен на корона вирусот 

Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, на социјалните мрежи потврди дека е позитивен на новиот корона вирус. Во својата објава, тој тврди дека и покрај сите мерки кои што ги превземал за своја лична заштита и заштитата на луѓето околу него, сепак не успеал да се заштити од Ковид -19. Тој посочува дека е во добра здравствена состојба, а од денес ќе продолжи да работи со истата посветеност од дома. „Пријатели, тестот што го направив, денеска бев известен дека го потврдил присуството на вирусот. Јас сум во добра здравствена состојба, како и моето семејство. Но, од денеска ќе продолжам да работам со истата посветеност за Тирана од дома.

Никој од нас не е имун на овој вирус, затоа Ве молам, не заборавајте да ги миете рацете што е можно почесто и да носите маска за да се заштитите себе си и вашето семејство колку што е можно!Ви посакувам се најдобро за вашите семејства! Здравје и љубов на сите и длабока благодарност до лекарите херои! Ќе се видиме повторно , напиша Велиај. Прв брзо закрепнување на Велија му поска претседателот Илир Мета кој побара поефикасна и транспарентна стратегија за справување со пандемијата.

Преку порака на „Фејсбук“, Мета потенцира дека „Загрижувачкото темпо на зголемување на случаите на погодени граѓани, за жал и на бројот на жртви, бара поефикасна и транспарентна стратегија за справување со сериозните последици од оваа опасна пандемија, напиша Мета.