Гранчниот премини Џепиште – Требиште во областа Голо Брдо ротекот на патници се одвива без проблеми

На двата гранични премина, на македонско – албанската граница кај Дебар, од полноќ до 14:00 часот минале 274 патници. На граничниот премин „Блато“, минале 254 лица, од нив за влез на наша територија 173 и тоа 22 македонски и 151 странски државјанин. За излез регистрирани се 81 патник, од нив 35 македонски и 46 странски државјани, изјави за МИА, Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внтарешни работи од Охрид.

На граничен премин, Џепиште – Требиште, минале 20 патници, за влез 18 странски, додека за излез двајца македонски државјани. На граничниот преми протекот на патници контролата се одвива без проблеми и нема задржување, нагласува Димоски.

Во летниот период, посебно во јули и август, се регистрираат и до две илјади преминувања. Преминот Џепиште – Требиште ја поврзува областа Голо Брдо а се наоѓа на петнаесеттина клометри од Дебар. Тој е од локален карактер и во летниот период работи од 6:00 до 20:00 часот. Може да помине само локалното население од двете страни на границата. Дневно тука минуваат по стотина патници.