Грција бара Албанија да го избрише поимот „Чамарија“ од учебниците

 

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас на седница на грчкиот Парламент побара Албанија да ги „прочисти“ на учебниците од „прашањето за Чамите“. Коѕијас изјави дека во текот на разговорите на заедничката експертска комисија, грчката страна јасно им ставила до знаење на албанските претставници дека термините „албански територии во Грција“ и поимот „Чамарија“ за дел од грчката територија, треба да бидат избршани од учебниците по историја и географија.

На последната средба на мешовитата грчко-албанска експертска комисија, грчката страна категорично побара бришење од учебниците на зборовите што се навредливи за единството на нашата држава, за некакви „албански територии во Грција“. Исто така, и грчката географска област, која во учебниците се именува како „Чамарија“, за жал, покажува дека албанската држава е блокирана во националистичка реторика, Тоа и штети во прв ред на самата Албанија, посочи Коѕијас.

Околу оваа тема реагираше и шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати, кој потврди дека е формирана заеднчка работна група за „оценување на учебниците по историја во двете земји“. Претходно, грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и се закани на Албанија дека доколку сака во ЕУ треба „да ја затвори устата за некакво непостоечко прашање за Чамите“.

Во Албанија со името Чамарија се нарекува територијата на која живееле етнички Албанци и која на Конференцијата во Лондон во 1913 година и припаднала на Грција. Во 1945 година од оваа територија биле протерани повеќе од 35.000 етнички Албанци, а неколку илјади биле убиени, под обвинение за „соработка со окупаторските германски и италијански власти“.

Advertisement