Грција ја поддржува унитарноста на Република Македонија

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас синоќа упати предупредување против оние кои „размислуваат и сонуваат за дестабилизација на Балканот“ и менување на границите. Грција – и ова, исто така, се однесува на нашиот северен сосед – е цврсто во корист на стабилноста во регионот. Ние сме цврсто во корист на унитарноста на Македонија, ние сме единствените кои дури ни денес не се мешаат во нејзините внатрешни работи, и ние ќе го браниме нејзиното постоење, изјави тој.

Според Коѕиас, „сега сме во ера каде има стабилност, која бара стабилност во меѓународните правила и во спроведувањето на меѓународните односи, но пред се, бара голема почит кон границите“, јави грчката државна новинска агенција АНА-МПА.

 

Advertisement