Ѓурѓај за Алфа: Лани ја алармиравме власта дека се „купуваат“ луѓе и делат бугарски пасоши, но залудно (ВИДЕО)

Бугарскиот амбасадор во Албанија работеше на терен и со пари и пропаганда ги купуваа Македонците од албанските села. Алармиравме во МНР лани и во македонската амбасада воТирана, но залудно, ништо не преземеаа- револтиран поради пописните резултати во Албанија појаснува претседателот на здружението Илинден од Албанија.

Според информациите на македонските здруженија, на македонското малцинство во Албанија им се продавале бугарски пасоши за 12 илјади евра. Се делеле пари на терен, а ниту еден од тие 8000 напишани Бугари во Албанија не знае бугарски јазик, раскажува Никола Ѓургај. Бугарскиот амбасадор често го посетувал Голо Брдо, а нашиот амбасадор ниту еднаш. Сега го гледаме исходот-  вели Ѓурѓај.

Имено, албанските институции, народниот правобранител, Советот на Европа како и Обединетите нации да ги проверат резултатите од пописот во Албанија и дали тој е законски споревед или со притисоци и мешање од страна на Бугарија, побараа сите македонски партии и здруженија откако на пописот излезе дека има само 2300 Македонци, а речиси 8000 Бугари.

Македонска алијанса за европска интеграција во март годинава достави извештај за бугарската пропаганда во Албанија за време на пописот. Претседателот Васил Стерјовски вели дека како партија ќе продолжат со притисоците заедно со незадоволното грчко малцинство, се додека не се поништи пописниот фалсификат.

Покрај Стерјовски, речиси сите партии и македонски здруженија во Албанија не  признаваат дека таму има повеќе Бугари отколку Македонци. Од Друштво Преспа велат дека ги отфрлаат резултатите од минатогодишниот попис одржан од 18 септември до 16  ноември и ги сметаат за груб фалсификат.

Остро реагираше и огранокот на Партијата на слободата за Мала Преспа, чиј претседател е Панди Јани. Оттаму повикаа европската заедница веднаш да реагира.

Македонското МНР испрати реакција за именката Северномакедонци до албанскиот институт што ги објави резултатите. По реакцијата на министерот Тимчо Муцунски, институтот северномакедонци го промени во Македонци.

Advertisement