Хилари Клинтон во интервјуто вели дека една од причините за поразот од Велешките хакери

 

Неколкуте велешки момчиња кои што за време на претседателските избори во САД во ноември работеа на интернет кампањата на Доналд Трамп се поефикасни од целата македонска дипломатија и поисплатливи од сите пари дадени за промотивни активности на државата од независноста. Момчињата кои што Хилари Клинтон ги нарекува основачи на “Содржинска фарма” и ги смета за едни од главните виновници за нејзиниот пораз од Трамп предизвикаа хистерија во САД и на социјалните медиуми. Енормно се присутни и на интернет и на традиционалните медиуми кои што известуваат за Македонија во контекст на обвинувањето од Клинтон.

Покрај многуте споменувања на земјава пред се на социјалната мрежа Твитер за десетици пати е зголемено пребарувањето на зборот Македонија на интернет пребарувачите а речиси во ниту еден контекст освен ако не се работи за грчки коментатори не се употребува референцата Фиром. Сторија за Македонија во вчерашното издание на неговата емисија имаше и супер популарниот Такер Карлсон кој води вечерно шоу во ударен термин на една од најгледаните американски телевизии „Фокс Њуз“.

Во емисијата гостин е и Методија Колоски претседател на Обединетата Македонска дијаспора кој дипломатски избегна да влезе во конфликт со Клинтон но негираше дека македонските студенти од Велес се виновни за урнисувањето на американската демократија или за поразот на одлично финансираната кампања на Хилари Клинтон. Репортерка на Фокс Њуз во емисијата ја посети и американската амбасада во Вашингтон која одбила да даде коментар за изјавите на Клинтон а таа не успеа ниту да најде Македонци во главниот град на САД за да зборуваат на оваа тема.

Advertisement