Хојт Ји во последен обид за дијалог меѓу власта и опозицијата во Албанија

Високиот американски функционер во Тирана ќе допатува следната недела и се очекува да оствари средби со главните политички лидери, што ќе бидат последни заложби за постигнување договор меѓу власта и опозицијата.

Без оглед што Албанија се наоѓа на прагот на парламентарните избори и владејачкото мнозинство веќе ја почна изборната кампања, отфрлувајќи каква било можност за дијалог со опозицијата, САД следната ќе го направат последниот обид. Засега се знае дека Хојт Ји ќе се сретне со премирот Еди Рама, новоизбраниот претседател на државата Илир Мета и лидерот на опозициските демократи, Љуљзим Баша.

Парламентарните избори во Албанија ќе се одржат на 18 јуни, и веќе се верфикувани кандатите на 15 политички партии, кои пријавија учество на изборите во Централната изборна комисија, која доцна синоќа ги распоределила и средствата за партиите-учеснички. Од колачот тежок 65 милиони леки, најголем дел добива Соцјалистичката партија 44,4 милони, Двжењето за социјалистичка интеграција 11,2 милиони, Партијата за правда интеграција и единство 2,8 милиони леки.