Хуманитарна помош за 120 семејства во социјален ризик во областа Мала Преспа (ФОТО)

Во општина Пустец,Мала Преспа, се распределува хуманитарна помош за семејства во социјален ризик, донација на „Биг Маркет“од Тирана. Помошта се состои во прехрамбени артикли и средства за одржување хигиена. Голема благодарност до „Биг Маркет“за помошта со која ќе бидат опфатени 120 семејства кои се во најнеповолна социо-економска состојба, која навистина е добредојдена за нив, изјави за Македонски весник “Илинден” Пали Колефски градоначалник на општина Пустец.

Колефски исто така информираше дека претставниците на „Биг Маркет“, при донирањето на помошта изјавиле дека една од најважните работи што може да се направи во овие тешки моменти, создадени од пандемијата од Ковид-19, е да се помогне за да секој има барем дел од најосновните продукти.

Претходно во неколку наврати распределена е помош за семејства кои се во најнеповолна економска состојба, 65 семејства добија прехрамбен артикли, средства за одржување на хигиена и лекови,од донатор кој посакал да не се соопштува неговото име. Исто така распределена е помош донација од Фондациите „Еден поразличен викенд” и „Кенеди”, бизнисмените Босилко Аговски и Мехмет Казимлари како и Фондот за итни случаи во Општина Пустец.

 

Advertisement