Игор Стефановски обеди во втората трка на Нирбургринг

Игор Стефановски – Иџе победи во втората трка на Нирбургринг, откако во првата го освои второто место и на најдобар начин им возврати на навивачите за испуштената шанса пред две седмици во Унгарија.Патеката „Нордшлајфе“ денеска претставува микс од модерниот автодром (околу 4 км) и делници од старата патека каде што Формула 1 се возеше пред половина век (околу 22 километри), поради што се нарекува најтешката патека на светот.

Се возеа само три круга, при што Стефановски стартуваше седми (според правилото за обратен редослед на првите 8 возачи од првата трка). Веќе до крајот на првиот круг тој се проби на второто место и во текот на вториот круг му правеше притисок на Петар Рикли. Во последниот круг тој влезе со заостанување од само половина секунда зад возачот на Хонда и до крајот успеа да го помине и да слави голема победа. Фабио Мота и Петр Фулин беа на подиумот со Иџе и во првата трка (редослед Фулин – Стефановски – Мота), но се вкупно Стефановски е возачот со најголем број бодови освоени денеска, а во негова чест беше интонирана и македонската химна.