Илир Мета денеска стапува на функцијата претседател на Албанија

 

Со заклетвата што ја даде пред народните избраници, Илир Мета и официјално ја презеде функцијата претседател на Албанија. Со свечената седница претседаваше потпретседателката, социјалистката Валентина Лескај.Во парламентот присуствуваа дипломатскиот кор, акредитиран во Тирана, претставници на сите верски заедници, како и други гости.

Ја потврдувам мојата челична определба да го почитувам Уставот на Република Албанија, да служам во најдобар интерес на земјата, народот и албанските граѓани, изјави Мета. Тој посочи дека ќе биде во служба на народот, дека че се залага за сеопфатната соработка и посебно ќе се фокусира на унапредувањето на реформите кои Албанија ќе ја направатт демократска, побогата и многу поевропска.

Меѓу реформи се и правосудните, за кои Мета рече дека во новата улога на Претседател на земјата, ќе придонесе за нивно унапредување и целосно спроведување. По заклетвата, на свечена церемонија во претседателската резиденцијата, Мета ја презеде функцијата од досегашниот претседател Бујар Нишани.

Партијата на Мета беше во изборна коалиција со партијата на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграцја, МАЕИ, и на изборните митинзи вети дека во неговиот кабинет ќе има претставник на „прекрасната македонска заедница“.

Албанскиот парламент, без присуство на опозицијата, во четвртот круг од гласањето, за нов шеф на државата, на 28 април го избра Илир Мета Тој беше актуелен спикер на парламентот и лидер на Движењето за социјалистичка интеграција. Претседателскиот мандат трае пет години.

Четириесет и осум годишниот Мета политички е активен уште од 1990 година, односно од времето на студентските движења за смена на комунистичкиот режим. Петнаесет години, од 1992 година, е пратеник во албанскиот парламент, а последните четири и претседател. Премиер бил во два наврати, во периодот ноември 1999-септември 2001, како и периодот септември 2001- февруари 2002 година.

Пред да ја формира партијата Движење за социјалистички интеграција, во 2008 година, беше член на Социјалистичката партија. Оженет е со Моника Круемади, актуелен пратеник и лидер на Движењето за социјалистичка интеграција. Имаат три деца, Бора, Бесар и Ера.

Според најавите, тој нема да живее во резиденцијата, туку во својот дом во Тирана – пракса која ја спроведуваше и екс претседателот Бамир Топи. Поради полтичката ангажираност на сопругата, него ќе го придружува ќерката Бора(19) во улога на Прва дама, како што тоа беше случај со Алфред Мојсиу, кого го придружуваше ќерката Рудина, но сопругата на Мојсиу беше почината.

Мета е седмиот претседател на Албанија по падот на тоталитаризмот во земјата, кога за прв плурален претседател беше избран Рамиз Алија,(кој беше и последен комунистички претседател). Него го замени Сали Бериша, по кого беше избран Реџеп Мејдани, па Алфред Мојсиу, Бамир Топи и актуелниот Бујар Нишани.

 

 

Advertisement