
Индрит Абдиај, Македонец по потекло од селото Требиште, Голо Брдо е во трка за советничко место во Советот на општина Елбасан. Абдиај, беше член на Советот на оваа општна и во измнатите четири години. Тој е кандидат на Партијата на зелените,која е дел од изборната коалиција „Алијанса за европска Албанија“ предводена од Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама. На синоќешната средба со граѓани тој ја повтори определбата за зголемување на зелените површини и оние за рекреација и минимизирање на нивото на загаденоста во општината. Во трка за советничко место од Партијата на зелените е уште еден Македонец. Тоа е Илче Колефски кој е на кандидатската листа за Советот на општина Тирана. Тој преку фејсбук побара подршка од граѓаните на Тирана, за да сите заедно „дадат придонес денес, за поинаква Тирана утре“.
На утрешните локални избори во Албанија,со кандидати – Македонци за советници учествува и партијата Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, за општина Пустец каде по четвртипат довербата за градоначалник ќе ја побара Едмонд Темелко од истата партија. И неговиот против кандидат Пали Колефски е Македонец, како и кандидатите за советници, но тие се на кандидатската листа на коалицијата „Алијанса за европска Албанија“. Советот на општина Пустец брои 13 членови. На минатте збори 7 советници осво МАЕИ, додека остантите беа од Социјалистичката и од Демократската партија,која сегашните избори ги бојкотира
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden