Во Елбасан денеска се одржа четвртиот информативен ден посветен на „Втората покана за предлози“ во рамки на ИПА Програмата за прекугранична соработка Македонија – Албанија. Ова беше првиот информативен настан организиран на територијата на Албанија.
На настанот учествуваа претставници на локалните јавни институции, непрофитни организации и потенцијални корисници на програмата. Присутните имаа можност да се запознаат со неопходните чекори за аплицирање, роковите за поднесување на проектните предлози, како и со условите и начините за воспоставување партнерства.
Посебен акцент беше ставен на насоките, приоритетите и процедурите поврзани со актуелниот повик, со цел потенцијалните апликанти да добијат подетални информации за можностите што ги нуди програмата.
Прекуграничната соработка претставува значајна можност за поттикнување на локалниот развој, размена на искуства и воспоставување нови партнерства меѓу институциите и заедниците од двете страни на границата.
Следниот информативен ден ќе се одржи на 27 ноември во Поградец каде заинтересираните учесници ќе имаат можност да добијат дополнителни информации за условите и можностите за аплицирање.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
