Интервју за Либертас.мк Ѓурѓај: Весникот „Илинден“ информативен прозорец зa македонците во Албанија

Разговор со Никола Ѓурѓај уредник на весникот „Илинден“ по повод седумгодишнината од излегувањето на првиот број.

Појавата на Македонскиот весник „Илинден“ во Тирана преставува клучен момент за информирањето на Македонците во Албанија на нивниот мајчин јазик. Весникот во изминатите седум години прерасна во современ весник кој е прозорец на информирањето на  Македоиците во Албанија но и пошироко во светот.

Оваа за „Либертас“ го изјави главниот и одговорен уредник на весникот Никола Ѓурѓај кој оценува дека весникот ја има постигнато целта. Ѓурѓај нагласува дека пред седум години, како двоброј за февруари и март, беше испечатено првото издание од македонскиот весник  „Илинден“ како весник на Македонското друштво “Илинден”-Тирана. Во  изминатите  седум години, весникот предизвика голем интерес кај читателската публика во Република Албанија но и сред Mакедонската дијаспора ширум светот. Според бројната дописка, која пристигнува на електронската пошта на Редакцијата на Македонски весник  „Илинден“ како и од другите преписки со читателите, забележително е дека во седумгодишниот период весникот прерасна во медиум кој со сериозноста и пристапот во објавувањето на темите, е интересен и корисен за Mакедонско национална малцинство во Албанија, но и за промоција на активностите на Македонската дипломатија во правец на подобрување на животот на Македонското население вон границите на својата држава,, вели главниот уредник  Ѓурѓај за „Либертас“. Според Ѓурѓај од мај 2017 година весникот  има  и  електронско издание www.vesnik-ilinden.com.

Весникот ,,Илинден,, има дописници  од повеќе делови на Албанија и надвор од неа и се чита во сите делови на Албанија каде живеат Македонци. Така тиражот на весникот е во пораст а електронското издание е многу читано, вели Ѓурѓај. Во областа Преспа, Голо Брдо, Гора но и во Тирана , Драч, Корча, Поградец и други градови интересот за весникот е голем вели Или Халилај од Голо Брдо. Според него во весникот има бројни информации за настаните во Албанија, за Македонците во Албанија но и за активностите на македонските здруженија во Албанија. Исто така се пренесуваат и бројни инфгормации од Македонија и за македонската дијапора во светот.

Во редакцијата на весникот „Илинден“ нагласуваат дека весникот со право на својата насловна страница ја  има пораката на Гоце Делчев  во која тој вели дека ,,Јас го разбирам светот за поле на културен натпревар му народите. Притоа се наведува дека весникот игра значајна улога и во добрососедските одн иси на Македонија и Албанија но и во однос на почитувањата на правата на малцвинствата во Албанија . Преку разни вести, информации и репортажи а често и коментари весникот „Илинден“ укажува на потребата од почитување на Меѓународните конвенции во Албанија кога се во прашање правата на Македонците и другите малцинства . Овде  истакнуваат дека читателите искажуваат „особена почит кон Редакцијата, која на најдобар можен начин одбра да ја промовира македонштината во овие бурни времиња, преку пишаниот збор. Нивната мисија да го одржуваат и поттикнуваат македонскиот идентитет во Република Албанија, преку културен израз целосно ја остваруваат. Сакаме да веруваме дека ваквата нивна активност ќе биде соодветно поддржана од државните институции како во Република Албанија така и во Република Македонија, но и од Македонците ширум светот./Кенан Мимидиноски

Advertisement