Инвестиција од 8 милиони евра во областа Гора

Започна првата фаза од проектот вреден 8 милиони евра, кои ќе бидат инвестирани во областа Гора. Оваа инвестиција е дел од пројектот “Подобрување на локални патишта” проектот, кој се спроведува од страна на Фондот за развој на албанија со финансиска поддршка од Германската развојна банка КфВ, ИПА 2009 и албанската Влада. Во моментов се работи на проширување и асфалтирање на патот кој ги поврзува селата во областа Гора.

Започне со работа и изградбата на канализациона мрежа во Шиштаеец, проектот, има предвидено и осветлување во Шиштаеец, ке се  обноват и фасадите на зградите на двете страни на главниот пат во селото. По асфалтирање на патот Кукс-Шиштаеец во 2015 година, ова е најголема инвестиција во областа Гора, кои не само што ја подобрува инфраструктурата но исто така, служи за привремено вработување на локалното население.