Иран ги обвинува САД и Израел за протерувањето на амбасадорот на Иран од Албанија

 

Иран ги обвинува САД и Израел за протерување на амбасадорот и еден дипломат од амбасадата на Исламската Република Иран од Албанија.

Иранската новинска агенција Ирна го цитира портпаролот на Министерството за надворешни работи, Бахрам Гасеми, дека “Албанија стана ненамерна жртва на САД, Израел и некои терористички групи”.

Тој вели дека САД и Израел работат на уништување на односите меѓу Иран и европските земји и дека Албанија не треба да им дозволи на другите да ги диктираат своите односи со Техеран.