Денеска истекува двонеделниот карантин за граѓаните што влегуваат во Албанија од Македонија и Грција, а кој е предвидено да трае до 3 мај. Техничкиот комитет на експерти на Албанија ја донесе новата мерка за спречување на ширењето на коронавирус (Ковид-19), која вклучува карантин за лица кои влегуваат во Албанија од двете соседни земји. Албанија ја воведе оваа мерка под објаснување дека кај нив се забележува конзистентност на бројките, додека кај Македонија и Грција, бројот на заболени се зголемуваше.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
