
Италијанските власти ја обвинија Тирана дека не се придржува на спогодбата за прифаќање албански затвореници кои ги прекршиле законите во Италија, со цел дел од казната да ја отслужат во Албанија. Директорот на Секторот за осуденици на Италија, Санти Консолио за албанската телевизија ,,Топ Чанел“ изјави дека Тирана не прифаќа 800 затвореници дел од казната да ја отслужат во албанските затвори.
Според него, Италија има инвестирано и во изградба на затвори во Албанија, но властите во Тирана велат дека затворите се тесни и за сегашните затвореници во земјата. Официјалните италијански институции веќе подолг период бараат од Албанија да прими 8оо затвореници кои извршиле бројни кривични дела во Италија.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden