
Италијанскиот Дом на пратеници го одобри предлог-законот за ратификација на Договорот за стратешка соработка со Албанија, потпишан во Рим на 13 ноември 2025 година. Предлогот доби поддршка од 149 пратеници, 81 гласаа против, додека тројца беа воздржани. За договорот целосно да стапи во сила, потребно е да биде разгледан и одобрен и од италијанскиот Сенат.
Со договорот се воспоставува сеопфатна рамка за соработка меѓу Италија и Албанија во повеќе стратешки области, меѓу кои енергетиката, заштитата на животната средина, безбедноста и одбраната, управувањето со миграцијата, правдата, инфраструктурата, здравството, земјоделството, туризмот, образованието, иновациите и поддршката на албанската дијаспора.
Италијанските власти оценуваат дека договорот ќе придонесе за дополнително зајакнување на билатералните односи и стратешкото партнерство меѓу двете земји, а воедно ќе ја засили и поддршката на Италија за европската интеграција на Албанија.
Одлуката на Долниот дом претставува важен чекор во процесот на ратификација, по што конечниот збор ќе го има италијанскиот Сенат.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden