Изборен конгрес на Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ

На 7 септември 2019 година во Тирана ќе се одржи Изборен конгрес на македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција. Конгресот, како што информираат од Македонска алијанса за европска интеграција треба да избере претседател за наредниот четиригодишен мандат, Централен комитет и да донесе Резолуција за унапредување на положбата и правата и слободите на Македонците во Република Албанија.

Членовите на Македонска партија на Изборниот конгрес ќе ги претставуваат 81 делегат од Мала Преспа, Корча, Билишта, Поградец, Тирана, Елбасан, Драч, Кукс, Гора и Голо Брдо. Покрај делегатите од сите делови на Албанија во кои живеат Македонци, на конгресот ќе присуствуваат и бројни гости од Албанија, Македонија, Грција и Бугарија.