Изборна конференција на регионалниот комитет Преспа на МАЕИ (ФОТО)

Во Долна Горица, општина Пустец се одржа Изборната конференција на регионалниот комитет на Македонска алијанса за европска интеграција за делот на Преспа. На Изборната конференција присуствуваа: Сашко Ташулов, вршител на должноста амбасадор на Република Македонија во Република Албанија; Ристо Никовски поранешен амбасадор на Република Македонија во Република Албанија; Бојан Маричиќ; национален координатор за интеграција во Европската Унија во Владата на Република Македонија и секретар за меѓународна соработка на СДСМ; делегација од ВМРО-ДПМНЕ предводена од Трајче Димков пратеник во Собранието на Република Македонија, проф.д-р Силвана Ангелевска и Кирил Пецаков членови на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ; Никола Костурски, претседател на здружението на Македонците со потекло од Егејска Македонија; Тодор Петров, претседател на Светскиот Македонски Конгрес; и Пали Колевски, градоначалник на општина Пустец.

Изборната конференција за работно претседателство ги избра Таќо Гроздани за претседавач и членови Арбен Цале и Спиро Малевски. Изборната конференција за записничар го избра Ило Мале. На почетокот на Конференцијата, делегатите и гостите му одадоа една минута почит на нашиот активист кој повеќе не е меѓу нас, Спасе Мазенковски од селото Леска, Мала Преспа кој со своето дело даде голем придонес во афирмација на македонската култура и традицја во Албанија. Регионалниот комитет Преспа на Македонска алијанса за европска интеграција го сочинуваат огранокот на Пустец со месните комитети Пустец, Леска, Церје, Шулин и Зрноско, огранокот на Горица со месните комитети Долна Горица, Туминец, Глобочени и Горна Горица, како и огранокот на заграничните комитети.

Изборната конференција ги избра Арбен Цале за потпретседател на огранокот Пустец, Јани Апостол за потпретседател на огранокот Горица, Спиро Малевски за потпретседател на задграничните комитети и Иван Терпо за секретар на регионалниот комитет Преспа на Македонска Алијанса за европска интеграција за периодот 2020-2024 година.

Претседателот на регионалниот комитет Преспа ќе се избере од страна Управниот одбор на Регионалниот комитет Преспа на првиот состанок. Изборната конференција го прогласи составот на Управниот одбор на регионалниот комитет Преспа на Македонска Алијанса за европска интеграција за периодот 2020-2024 година. Изборната конференција го избра Васил Јанкула за претседател на комисијата за лица со посебни потреби.