Излезноста на изборите во Албанија е 21.6%

Според последните резултати од излезноста на локалните избори во Албанија кои се одржаа денеска, истата изнесува 21.6%, што покажува мала одзив кај гласачите.

„Според последните информации, гласале 771.863 лица, што претставува 21.6%“, соопштија од државната изборна комисија на Албанија. Официјалните резултати од изборите би требало да бидат соопштение во текот на утрешниот ден.

Advertisement