Јапонија ќе потпише мировен договор со Русија

Јапонскиот премиер, Шинзо Абе, вели дека Токио планира да потпише мировен договор со Москва. Абе, говорејќи пред јапонскиот парламент, рече дека односите се во абнормална состојба, а двете земји не потпишале мировен договор повеќе од 70 години, пренесе руската новинска агенција ТАСС.

„Врз основа на односите на доверба со рускиот претседател, Владимир Путин, ќе го решиме територијалниот проблем и ќе потпишеме мировен договор со Руска Федерација. Ќе отвориме нова ера во билатералните односи“, рече Абе. Уште од средината на 20 век Москва и Токио преговараат за мировен договор што би се засновал на резултатите од Втората светска војна, а главната пречка за потпишувањето е проблемот со суверенитетот на Курлиските Острови.

Advertisement