Јавен повик на Општина Охрид за прекугранична соработка со Албанија преку ИПА

Општина Охрид упати повик до заинтересираните невладини организации, јавни институции, образовни установи и други субјекти, да достават проектни идеи на објавениот втор повик за апликација со проекти предлози во рамки на ИПА – програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија за периодот 2014-2020 година.

Целта на вклучувањето на јавноста во дефинирањето на идеите и идните проект-предлози е да се утврди колку тие се совпаѓаат со потребите и плановите на Градот во однос на подготовката на проектната апликација за наведениот јавен повик.

Според повикот упатен до заинтересираните, проектните предлог – идеи нема потреба да бидат детално разработувани, туку дволно е да се наведе суштината на проектната идеја на не повеќе од една страница. Рокот за доставување на проектните идеи е до недела, 16 декември. Проетните идеи да бидат доставени до Одделението за економски развој на адресата info@ohridler.gov.mk .

Од Општина Охрид посочуваат дека по завршување на предвидениот рок за доставување на предлог-идеите, во најкус рок ќе биде организиран и заеднички состанок со предселектираните проектни идеи, на кој би се разговарало за понатамошните чекори и евентуални партнерства.