Јавен повик за ангажирање на експерти како дел од проект во рамките на ИПА прекуграничната програма Македонија – Албанија

Министерството за локална самоуправа од Македонија и Министерството за Европа и надворешни работи од  Албанија, објавија оглас за ангажирање на експерти кои ќе подготват физибилити студија за селектирање на тип на комкпанија која ќе стопанисува со два соларни бродови во Охридското езеро, како дел од проект во рамките на ИПА прекуграничната програма Македонија – Албанија

Повеќе информации за оваа активност можете да најдете во условите за работа / ангажирање на експертите (ToR). Крајниот рок за доставување на апликациите е 31 Maрт 2022 година, на следната е-маил адреса: jts_mkal@yahoo.com