Јуниорската одбојкарска репрезентација на Македонија го освоија седмото место на Балканското првенство

 

Јуниорската одбојкарска репрезентација на Македонија го освоија седмото место на Балканското првенство за играчи до 20 години. Во салата на “Олимпискиот парк” во Тирана, избраниците на селекторот Ванче Санев денеска очекувано го совладаа Косово со 3:0 (25:15, 25:16, 25:13) и турнирот го завршија со биланс од две победи и три порази. Претходно, славеа над Косово и во групната фаза, а беа поразени од Грција, од домаќинот Албанија и од Романија. Уште три македонски репрезентации летово ќе настапат на Балканските шампионати, а први во редот ќе бидат пионерките (одбојкарки до 16 години), коишто ќе учествуваат на турнирот во Врњачка бања од 2-ри до 6-ти јули.