Кандидатот за пратеник во Парламентот на Албанија, Васил Стерјовски, упати повик за престојните парламентарни избори што се одржуваат на 25 јуни

Почитувани Македонци и Македонки, драги мои сонародници, на престојните парламентарни избори во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) настапува во коалиција со Социјалистичко движење за интеграција (LSI). Според договорот за коалицирање помеѓу МАЕИ и LSI, јас сум кандидат на листата на LSI во округот на Корча. Благодарност до МАЕИ за поддршката да ја претставувам на изборите на 25 јуни. Чест ми е што со ваша поддршка доследно ќе ги претставувам и ќе им служам на Македонците и на сите граѓани во округот на Корча. Дојдено е времето Македонците да бидат претставени во Парламентот на Албанија, да се слушне нашиот глас! Договорот на МАЕИ со LSI ќе ни овозможи интеграција на Македонците во институциите на власта во Република Албанија, економски развој на областите каде што живеат Македонците, заштита на македонскиот јазик, култура и обичаи. Убеден сум дека со вашата поддршка ова и ќе го постигниме! – апелира Васил Стерјовски.