Карпош Соколи победи со Тетекс во Тетово

Карпош Соколи кои настапуваа за вториот тим на клубот дојдоа до триумф против Тетекс во Тетово (78-76). Избраниците на тренерот Мики Наумовски доминираа во првотом полувреме, кое го добија со плус 12 (38-26), но притисокот по целиот терен на тетовци, неретко и со агресивност надвор од дозволените рамки, му донесе на домаќинот целосен пресврт во третата четвртина и водство од 56-54. Но, тоа им доаде дополнителна сила на „соколчињата“, кои покажаа каркатер и со максимална борбеност во последниот период повторно дојдоа до водството, кое умешно го одржаа до самиот крај. Филип Ѓорѓиевски со 24 и Дарко Најдовски со 20 поени беа најпрецизни кај Карпош Соколи, додека Андреј Атанасов средбата ја заврши со 15 постигнати поени. По овој триумф, нашиот втор тим се изедначи на втората позиција на табелата со Радовиш со учинок 9-4 односно со една победа повеќе од Водњански лисици и Академија ФМП како и три победи помалку од неприкосновениот досега тим на Гостивар 2015. Шансата за десеттата победа сезонава ќе ја имаме следниот викенд, кога ќе му бидеме домаќини на Феникс.