
Македонско друштво “Илинден“-Тирана го повикува Владата, Општина Либражд и и Општина Булќиза итно да преземат сите неопходни мерки за да се подобри тешката ситуацијата во областа Голо Брдо. Врнежите од снег во изминатите денови создаде тешка ситуација во областа Голо Брдо.
Како резултат на големи врнежи од снег и ниски температури сите патишта што го поврзуваат областа Голо Брдо се целосно блокирани. Македонско друштво “Илинден“-Тирана бара од Владта и од општините да преземат итни мерки за да се подобри ситуацијата.– стои во соопштението потпишано од претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden