Ќе се одбележи Денот на реката Дрим во сабота

Денот на реката Дрим се прославува во сите суб-басени и држави под покровителство на Координираната акција за Дрим – CORDA и Дрим Кор групата. Основната цел на Денот на реката Дрим е да ја подигне свеста на локалните заедници и на пошироката јавност за важноста од одржливо управување на басенот на реката Дрим и зачувување на неговиот екосистем.

За одбележувањето на Денот на реката Дрим предвидени се повеќе активности меѓу кои и еко-караван со теренски возила, јавни средби со жители од селата Косел, Вапила, Горно и Долно Лакочереј и дискусија на тема: Добри земјоделски практики за зачувување на сливот на реката Дрим во добра еколошка состојба, едукативна училишна посета со 20 ученици од Струга на станица за пречистување комунални отпадни води, с. Ложани, општина Струга, како и јавна дискусија: Добри земјоделски практики за зачувување на сливот на реката Дрим во добра еколошка состојба, с. Орман.

Според најавата предвидени се и обраќања на претставници од еколошкото друштво „Грашница“ од Охрид, на Стево Темелковски, заменик-министер во Министерство за животна средина и просторно планирање, Дејан Пановски, национален координатор на GEF проектот: ‘Овозможување прекугранична соработка и интегрирано управување со водните ресурси во поширокиот слив од реката Дрим”, како и на Ванчо Стојаноски, фармер.

Денот на реката Дрим се прославува во сите суб-басени и држави под покровителство на Координираната акција за Дрим – CORDA и Дрим Кор групата. Основната цел на Денот на реката Дрим е да ја подигне свеста на локалните заедници и на пошироката јавност за важноста од одржливо управување на басенот на реката Дрим и зачувување на неговиот екосистем.

Активностите ќе послужат како средство да се прошири разбирањето помеѓу луѓето и посебно меѓу младата популација, за вредностите на живеалиштата и на видовите во регионот и да се промовира разбирлива и континуирана акција за осигурување на биодиверзитетот на басенот на реката Дрим и на неговиот вреден екосистем.

 

 

Advertisement