Ќе се отвора лекторат за македонски јазик на Универзитетот во Корча

 

Амбасадорот на Република Македонија во Тирана Данчо Марковски, по извршени претходни подготовки и координација со ректорот на Универзитетот „Климент Охридски” во Битола, Сашо Коруновски на 04.03.2019 година оствари работна средба со ректорот на државниот Универзитет „Фан Стилиан Ноли“ во Корча, Али Јашари и членови на ректорската управа, при што беа иницирани два конкретни предлози:

– Отворање на Лекторат за македонски јази

– Заемно организирање на проверка на познавање на македонскиот јазик и издавање на дипломи на заинтересирани студенти и лица.

Ректорот Али Јашари информираше за веќе воспоставената соработка со универзитетите во Република  Македонија и идејата за воспоставување на Лекторат ја оцени како мошне добра. Предложи да се преземат неопходните подготовки како би можело да се пристапи кон нејзина реализација. Побара во следните триесетина дена да се организира средба со неговиот хомолог, во Битола или Корча, како би можеле деканите од двата факултета да потпишат меморандум за соработка и утврдат условите и начинот на работа. Јашари се согласи и со предлогот за организирање на проверка и полагање на македонскиот јазик.

Advertisement