Кина потроши 350 милиони долари на мост кој завршува во пустина

 

Кинеската влада инвестираше 350 милиони долари во мост кој ја поврзува со Северна Кореја. Мостот на New Yalu River беше предвидено дневно да превезува по 20.000 автомобили и да служи за трговска и патничка размена со Северна Кореја, но иако првично требаше да се пушти во употреба во 2014-та година проектот е целосно прекинат.

Тоа што најмногу разочарува е што мостот  New Yalu River на северно-корејска страна завршува во тотална пустелија каде нема никаква придружна инфраструктура ниту патишта. Причината за залудно потрошените пари е кревањето на тензиите откако режимот на Ким Џонг Ун продолжи со провокации и тестирање на нуклеарни проектили.

Advertisement