По само две години „Гаспром“ ќе ги заврши „Турски тек“ и „Северен тек 2“. Земјите низ кои транзитира рускиот гас Украина, Полска и Бугарија, ризикуваат да останат со празни цевки, посочуваат експертите „Гаспром“ почна да го поставува морскиот дел од гасоводот „Турски тек“, соопшти компанија на 7 мај 2017 година. „Турски тек“, кој го замени неуспешниот „Јужен тек“, според плановите треба да биде завршен во 2019 година, а истиот краен рок е поставен и за другиот руски гасовод „Северен тек-2“. Земјите од Западна Европа ќе можат на тој начин да добиваат без прекини руски гас по значително пониска цена. Денес транспортот на руски гас преку „Северен тек-1“ на европските земји им излегува 1.5 пати поевтино отколку во гасниот транспортен систем на Украина, покажуваат податоците презентирани од страна на министерот за енергетика на Русија Александар Новак во декември 2016 година. Ризиците проектите да не бидат завршени и истите да не бидат пуштени во употреба се минимални, сметаат експертите. Пред неколку недели истовремено пет европски компании – француската „Анжи“ австриската О Ем Ви, британско-холандската „Ројал Дач Шел“ и германските „Унипер“ и „Винтерсхал“ потпишаа договор со ќерката-компанија на „Гаспром“-„Северен тек-2 AG“ за финансирање на изградбата на гасоводот и за таа цел обезбедија 5 милијарди евра.Ризиците за изградба на „Турски тек“ зависат целосно од состојбата на односите помеѓу Турција и Русија. „Во моментов, по последната средба помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган сите прашања и проблеми се решени, затоа пред изградбата на нафтоводот нема пречки“, вели Богданов. Од друга страна владата на Турција е силно заинтересирана за „Турски тек“. „За Турција тоа е првиот чекор кон нејзината глобална стратегија за создавање на енергетски центар, кој ќе им служи на земјите од Јужна Европа“, коментира Артјом Деев, водечки аналитичар на „Амаркетс“. Започнувањето на работа на двата гасоводи во 2019 година ќе ги прошири можностите на рускиот „Гаспром“, кој го зголеми уделот на европскиот пазар и денес обезбедува 33.5% од целиот консумиран гас во Европа. „Гаспром“ ќе успее да го подобри сопствениот рекорд и да го зголеми својот удел со уште неколку процентни поени во 2019 година“, посочува Деев.Една од главните задачи при изградбата на „Турски тек“ и на „Северен тек“ се сведува на тоа да се намалат провизиите за транспорт на гас преку Украина, Полска и Балканот.
Advertisement