Колефски: Во Мала Преспа живеат Македонци

Во врска со веста дека во Мала Преспа е споделено упатство за гласање за локалните избори на бугарски и албански јазик, наместо на македонски и албански јазик, одговорно тврдам дека такво упатство за време на целата кампања на локалните избори што се одржаа на 30 јуни во Мала Преспа не забележавме. Вистината е дека во Мала Преспа живеат Македонци! Јас сум Македонец! – изјави градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски, единствен градоначалник Македонец во Албанија, избран на локалните избори одржани на 30 јуни годинава.

Advertisement