Компании заинтересирани за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште на Црна Река

 

Триесет компании заинтересирани за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште на Црна Река. Покрај домашни конзорциуми понуди доставиле компании од Русија, Канада, Кина, Швајцарија. Пристигнати се 14 технички решенија за изградба на хидроцентралите. Реномирана германска светска компанија ќе биде задолжена до крајот на јули да одлучи кој предлог или која фирма доставила најповолно решение за овој проект. Тендерот ќе биде објавен до почетокот на следната година.

Со изградбата на Чебрен и Галиште ќе се добие енергетски проект кој значително ќе придонесе во вкупното домашно производство на електрична енергија. Претходно проeктот за изградба на Чебрен и Галиште на Црна Река неколку пати заврши без успех.  Со изградбата на нови енергетски проекти значително ќе се намали увозот на струја.

Advertisement