
Пратеникот во Парламентот на Албанија, Васил Стерјовски заедно со градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски, денес во Тирана остварија работна средба со директорот на Национална агенција за водовод и канализација, Алќи Блако.
На средбата се разговаррало за решавање на проблемот со вода за пиење во селата на општина Пустец.
Постигнат е договор, Националната агенција за водовод и канализација да и’ додели фонд за изработка на проекти за вода за пиење за секое село на општината Пустец и сите тие проекти оваа година да се финансираат од страна на државниот буџет.
На тој начин конечно треба да се реши повеќедеценискиот проблем со вода за пиење во општина Пустец, Мала Преспа.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden