Конференција за „Креирање на млади лидери претприемачи“

Здружението за развој на претприемништвото и туризмот Концепт плус – Скопје ја организираше конференцијата „Креирање на млади лидери претприемачи“ во рамките на глобалниот настан LEAP summit 2017. На конференцијата панелисти беа Зоран Витанов консултант, Зоран Настески сопственик на компанијата Inception и Нико Карас сопственик на компанијата Lets, додека модератор беше Синиша Пекевски.

Главна порака на конференцијата беше дека младите мора да веруваат во себе и да немаат страв да започнат да работат и основаат сопствена компанија. Предизвиците кои се јавуваат е само поголем мотив да работат и да ги остварат своите цели. LEAP summit година 3 дневна конференцијата, на која ќе учествуваат повеќе од 2.000 млади претприемачи, студенти, млади професионалци, лидери во НВО сектор и лица кои прават промени во општеството и кои се лидери во нивните заедници. Главниот фокус на конференцијата се теми поврзани со иновации, технологија и модерни технологии, претприемништво, развој на кариера и стории за менување на живот во позитивна смисла.

LEAP се залага за учење, вклучување, делување и прогрес. Самитот е совршена комбинација на формални и неформални настани. Формална програма се состои од серија дебати, панел сесии, работилници и интерактивна дискусија. Неформалната програмата доведува да учесниците ја збогатат својата мрежа на контакти и донесува многу интересни интерактивни сесии. Самитот LEAP има за цел да ги зближува луѓето од целиот свет на едно место да учат заедно и со цел да ги реши најголемите предизвици на нашето време.

Зоран Витанов – консултант: “Јас својата компанија ја основав на 19 години и нитуво еден момент не се покајав што го направив тоа, верував  в себе и во своите можности и капацитети, и поради тоа секогаш се движам напред“

Нино Карас – Letz: “ Ние сме првата компанија која доби joint venture капитал и со тие средства ја основавме компанијата Lets, \што преставува  голем успех за нас. Ние не застануваме тука, од 2-ца голобради факултетлии, израснавме во компанија која брои 18 луѓе“,

Зоран Настески – Inception: “Во ниеден момент не се двоумев да започнам своја компанија, мојата верба и посветеност ме доведе до тоа да основам своја во Силиконската долина. Ако сакаме да имаме успех како држава мора континуирано да инвестираме во креативност и во нови можности, а државата да помага со мерки за стимулирање на претприемништвото

Advertisement