Коронавирусот влезе и во албанскиот Парламент 

Опасниот коронавирус влезе и во албанскиот законодавен дом, во кој како што е потврдено заразени се тројца пратеници. Денеска е соопштено дека позитивни на новиот корона вирус се пратениците Ралф Ѓони, Елјо Хиска и Енвер Роши. И покрај троца зарзени пратеници, пленарната седница закажана за денес не се одлага, но затоа одлучено е да се скуси времетраењето на дискусиите. Веднаш се превземени сите потребни мерки,како и дезинфекција на наворешниот и внатрешниот дел на собраниската зграда.

Во меѓувреме поради трендот на раст на новозаразени но и починати министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу преку порака денеска побара од граѓаните, посебно од младите да ги почитуваат мерките,зашто како што наведува„не се потребни голем жртви туку само малку повеќе будност во нашето секојдневие“.

„Новата реалност бара од нас да ја користиме маската таму каде што дистанцирањето е невозможно и да ги примениме правилата за хигиена насекаде и во секој миг. Бара од нас да се откажеме одреден период од собирите и прославите, кои денес станаа главни жаришта на ширењето на инфекцијата,напиша министерката. Претпладне и градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, на социјалните мрежи потврди дека е позитивен на новиот корона вирус.