Кошаркарите на Карпош Соколи денеска ја остварија првата победа на гостински терен и тоа во пресметката кај Тирана

Кошаркарите на Карпош Соколи денеска ја остварија првата победа на гостински терен и тоа во пресметката кај Тирана (100-83) во рамки на претпоследното коло од прелиминарната група Б од Балканската лига (БИБЛ). Овој триумф воедно значи голем исчекор кон втората фаза од ова натпреварување за нашиот клуб. Победничката разлика беше обезбедена во третиот период, ко го добивме со дури 16 поени разлика (26-10). „Соколите“ сега се четврти на табелата со скор 4-5 во пресрет  на последниот дуел против Фени индустри на домашен терен закажан за следната среда. Драган Зековиќ со  25 и Филип Шепасо  22 поени беа најдобри стрелци во нашиот тим, Бојан Трајковски реализира 12, а Дарко Соколов и Доминик Мавра по десет поени.

Advertisement