Кошаркарската селекција 3х3 го освои првото место на Младинскиот Олимписки фестивал во Бугарија

Македонскиот Олимписки комитет во соработка со Македонската кошаркарска федерација овозможи учество на младинските селекции во кошарка  и одбојка до 18 години, на Олимпискиот младински фестивал кој изминатите пет дена се одржуваше во Албена, Бугарија. Младинската олимписка екипа во состав Дамјан Ѓорѓиевски, Лука Стојановски, Благој Димитриев и Мартин Ѓорѓиев се натпреваруваше во конкуренцијата “3х3“ и го освои првото место со максимални пет победи од пет натпревари!

Првите три победи, македонската “3х3“ селекција ги оствари во групната фаза, против екипите Тарговиште, Варна и против Шуме, Бугарија и како првопласирана во групата обезбеди пласман во полуфиналето. Со убедливи 9:4 во полуфиналето македонската селекција славеше против бугарскиот состав Дунав. Во финалето, македонските кошаркари славеа со 10:3 против Шумен, Бугарија освојувајќи го првото место на Младинскиот олимписки фестивал насловен „Олимписки надежи“.

Во исто време, младата женска одбојкарска екипа ја победи екипата на Варна со резултат 2:1, но загуби во следниот натпревар од Русе, Бугарија со резултат 0:2. Во полуфиналето нашите млади одбојкарки беа поразени од националниот тим на Романија 0:2.

 

Advertisement