Косово: Во недела локални избори ќе учествува и партијата „Единствена горанска партија“

Речиси 1,9 милиони жители на Косово во недела ќе гласаат за избор на нови органи на локалната самоуправа. Едномесечната предизборна кампања завршува вечерва на полноќ, кога почнува изборниот молк за локалните избори. На изборите учествуваат 91 политички субјект, вклучувајќи една коалиција, 35 политички партии, 30 граѓански иницијативи и 25 независни кандидати. Во 38 општини во трката за градоначалници се вкупно 204 кандидати, додека за членови на општинските собранија ќе се борат 6.887 кандидати.

На овје локалните избори во Косово, со своја кандидатска листа ќе учествува и партијата „Единствена горанска партија“. На кандидатската листа на нашата партија се наоѓаат 16 кандидати, од разни делови на целата област Гора и кандидат за Градоначалник на општина Драгаш Адмир Шола. На листата се млади и вредни луѓе, кои се залагаат за подобрување на положбата на областа Гора, – вели претседателот на партијата „Единствена горанска партија“ дипломиран инжињер Адем Хоџа.

Меѓу 16 кандидати се и четри жени. На изборното ливче партијата е на 40 место, а мотото на партијата е „Сила за Промена“. Хоџа упати апел до сите учесници на изборите, изборниот процес да се спроведе во согласност со меѓународните стандради, да биде фер и коректен. Реториката и активностите во изборната кампања треба да минат во мирна атмосфера и толеранција, за изборните резултати да бидат израз на желбата на народот. Нашата порака за овие избори е: Гора мора да победи, посочува Хоџа. Во областа Гора распослани се 9 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед познати под името Горанци, кои говорат македонски јазик.

 

Advertisement