Кражба на документи од Обвинителството во Драч

Во јавното обвинителство во град Драч се украдени важни документи, соопшти албанската полиција. И додека пред три недели беше ограбена поштата на ова јавно обвинителство и притоа беа украдени значајни документи пристигнати на адреса на обвинителството, грабежот овој пат е извршен од канцелариите на оваа институција. Македонски весник “Илинден” од свој извори на полицијата и јавното обвинителство информираат дека засега непознати лица влегле насилно во објектот, а претходно биле исклучени камерите. До овој момент приведени се три лица, за кои има сомнеж дека ги извршиле двете кражби. И покрај тоа што нема официјални информации, украдените документи во двата случаи биле документи кои пристигнале во Драч од обвинителствата во Грција и Италија за одредени криминални групи и поединци.